Достапни линкови

Грците против кризата со рецепти од Втората светска војна


Скршен излог на ресторан на Мекдоналдс во Атина.

Скршен излог на ресторан на Мекдоналдс во Атина.

Колекција од кулинарски рецепти од Втората светска војна стана изненадувачки хит во Грција, каде што милиони луѓе се соочуваат со тешкотии предизвикани од кризата.

Поради финансиската криза, 9 од 10 Грци ги промениле прехранбените навики – помалку јадат надвор од дома, скратиле на месо и на квалитетни брендови на храна.

Книгата „Рецепти за гладување“, што беше објавена годинава, содржи совети што Грците ги користеле во Втората светска војна за да ја преживеат нацистичката окупација. За време на војната, изгладнетите атињани смислувале нови начини за преживување, потпомогнати од секојдневни написи во весниците, познати како „водичи за преживување“.

Историчарката Елини Никоаиду ја составила книгата со рецепти, откако 18 месеци прегледувала повеќе од 6.000 исечоци од весници од периодот 1941-1944 година. Книгата досега е продадена во 2.000 примероци и се смета дека и покрај скромните бројки, направила голем успех.
XS
SM
MD
LG