Достапни линкови

Ставрески - Македонија е подготвена на должничката криза во Европа


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Македонија е подготвена за сите можни сценарија на должничката криза во Европа. Буџетот содржи три сценарија од кои две се експлицитно, а третото имплицитно содржани во него. Ова денеска го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески пред претставниците на банкарскиот и реалниот сектор на трибината „Актуелни состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија“.

Ставрески нагласи дека првото сценарио е со проектираниот раст од 4,5 проценти кое што ќе зависи од случувањата во Европа и кое подразбира во некој пократок временски период да се решат состојбите.

„Во рамките на буџетот е проектирана поконзервативна проекција на приходната страна. Наспроти тоа што отидовме со реален пораст од 4,5 проценти и инфлација од 2,5 проценти, проектиравме на приходната, а соодветно и на расходната страна понизок номинален раст што покажува дека се водеше сметка и за второто сценарио доколку состојбите во европската економија не се подобрат“, рече Ставрески.

Тој посочи дека третото сценарио е да се направи ребаланс на буџетот доколку состојбите во Европа дополнително се влошат.
XS
SM
MD
LG