Достапни линкови

logo-print

Путин задоволен од изборните резултати


Рускиот премиер Владимир Путин.

Рускиот премиер Владимир Путин.

Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека е задоволен од резултатите на неговата партија на парламентарните избори што се одржаа во неделата, и покрај тоа што партијата освои значително помалку пратенички места отколку што имаше претходнo.

Тој рече дека партијата Единствена Русија освоила „стабилно“ мнозинство и дека падот на поддршката за која било владејачка партија е неизбежна. Неговата партија освои помалку од 50 отсто од гласовите, за разлика од изборите во 2007 година, кога освои 64 проценти.

Опозицијата и набљудувачите обвинуваат дека изборите биле местени во корист на владејачката партија.
XS
SM
MD
LG