Достапни линкови

Претседателот Иванов бара почитување на Времената спогодба


Претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов, на денешната средба со амбасадорите на земјите постојани членки на Советот за безбедност на ОН, акредитирани во Македонија, побара почитување и ефективна примена на Времената спогодба, односно истото што го побара Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

На средбата со амбасадорите на САД, Русија, Велика Британија, Франција и НР Кина, како што информира кабинетот на претседателот, Иванов изрази надеж дека почитувањето и ефективната примена на Времената спогодба ќе придонесе за деблокада на нашите евро-атлантски интеграции и ќе создаде попозитивна клима за наоѓање на решение за спорот со Грција што се води под покровителство на ОН.

Присутните амбасадори упатија честитки до македонскиот државен врв за покажаното лидерство по објавувањето на пресудата и за одговорното однесување и креирањето позитивна атмосфера по пресудата. Тие ги поздравија изјавите на државниот врв во кои не се гледа низ категории на победници и поразени, туку на подадената рака за добрососедство.
XS
SM
MD
LG