Достапни линкови

Груевски - Подготвени сме на разговори за името


Премиерот Никола Груевски и претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј во Брисел.

Премиерот Никола Груевски и претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј во Брисел.

Прашања поврзани со Македонија и Европската унија, реформите во изминатиот период во сите области, посебно во деловите кои се со особено внимание следени од страна на Европската комисија, како и вчера објавената пресуда од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, беа тема на денешната средба во Брисел меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот на Европската унија, Херман Ван Ромпуј.

Дали спорот со името со Грција ќе добие поинаква динамика по пресудата од Хаг, рече Груевски, во најголема мера зависи од другата страна.

„Ние сме подготвени и жалиме што изминатите шест месеци Грција, соочувајќи се со проблемите на внатрешен план очигледно не беше во можност да посвети внимание на ова прашање. Не знаеме дали сега ќе посвети внимание, особено имајќи ја предевид изјавата од пред 10—тина дена на новот грчки премиер кој кажа дека не е на неговата агенда ова прашање и не чувствува оти има мандат да се занимава со ова прашање, туку само со прашањата од финансиите и економијата“, рече Груевски.

Tој рече дека Македонија е подготвена на разговори.

Груевски, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, Веле Самак, министерот за привлекување странски инвестиции и Виктор Мизо, директорот на Дирекцијата на Технолошко-индустриските развојни зони денеска ќе учествува и ќе се обрати и на македонско-белгискиот бизнис форум, кој е организиран во соработка со Валонската агенција за трговија и инвестиции.
XS
SM
MD
LG