Достапни линкови

Парите за странските, работата за нашите фирми


Илустрација.

Илустрација.

Најголемиот колач од европските пари за изведба на патишта во Македонија го добиваат странските фирми, иако наголемиот дел од работата ја вршат македонските за помалку пари, велат експертите.

Најголемиот колач од европските пари за изведба на патишта во Македонија го добиваат странските фирми, иако наголемиот дел од работата ја вршат македонските за помалку пари, велат експертите. Таков ќе биде случајот и со тендерот за изведба на автопатот Демир Капија-Смоквица кој завршува денеска. Проектот тежи 250 милиони евра и е финансиран од Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона банка и ЕУ. Фирмите за учество на тендерот мораа да достават 3 милиони евра гаранција, да имаат 150 милиони евра просечен годишен обрт и да направиле најмалку еден автопат во вредност од 250 милиони евра.
Ако веќе се регистрира странска фирма овде, нека си биде присутна со сите ресурси. Нека си вработи наши луѓе, нека си донесе механизација, а не само практично да го користи финансискиот бонитет и моќта да земе банкарска гаранција.

Никола Велковски од Здружението на градежници при Стопанска комора вели дека поради ригорозни услови на тендерот им се ускратува можноста на домашните фирми.

„За жал, значи бонитетноста на нашите фирми е таква да они не можат овие услови да ги задоволат и да направат конзорциум. Македонските фирми се подготвени да го изведат овој обем на работа. Јас верувам дека во најголем дел повторно подизведувачи ќе бидат македонските фирми.“

Оштетување на магистралниот пат Битола-Ресен

Оштетување на магистралниот пат Битола-Ресен

Павел Трендафилов од Синдикатот за градежништво и проектирање вели дека тие барале од кредиторите фер и коректен однос на тендерот, кој не бил исполнет.

„Повторно ни се случи условите да бидат наметнати со такви високи ставки со кои уште на старт беа елиминирани нашите домашни компании од учеството на тендерот. Повторно ќе влезе странска компанија и најверојатно нема да го испочитува она што е 70 проценти да има човечки ресурски, техника, механизација и ќе ги земе нашите компании како подизведувачи.“
Повторно ни се случи условите да бидат наметнати со такви високи ставки со кои уште на старт беа елиминирани нашите домашни компании од учеството на тендерот.

Трендафилов додава дека реагирале до владата, која им ветила дека ќе побара кредиторите да ги сменат условите на тендерот.

„За жал еве гледаме дека тоа не се случи и дека Европската банкa не ги смени условите за тендерот.“

Според Велковски, Владата е немоќна во овој случај, но таа може да им наложи на странските фирми кои се регистрирани во земјава, а немаат капацитет, туку само имаат капитал отстрана да користат домашни ресурси.

„Ако веќе се регистрира странска фирма овде, нека си биде присутна со сите ресурси. Нека си вработи наши луѓе, нека си донесе механизација, а не само практично да го користи финансискиот бонитет и моќта да земе банкарска гаранција и потоа испаѓа дека они ја зимаат работата, а извршители во 90-95 проценти се наши фирми.“

Има повеќе случаи каде странски фирми добиваат тендер, но како подизведувачи се јавуваат домашните, што покажува дека тие имаат капацитет, но сепак се во подредена улога, а на крајот губи нашата земја.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG