Достапни линкови

Дополнителни сили низ улиците на Москва поради протестите


Руското министерство за внатрешни работи распоредило дополнителни сили низ улиците на Москва и ја подигнало готовноста на безбедносните сили поради анти-владините протести. Портпарол на полицијата соопшти дека зајакнувањето на полициските сили е со цел да се гарантира безбедноста на граѓаните.

За денеска во Москва се најавени неколку протести против резултатите од неделните парламентарни избори во Русија, но и собир на про-владината младинска организација Наши, коja ќе и искажe подршка на владејачката партија Обединета Русија.
XS
SM
MD
LG