Достапни линкови

logo-print

Кризата во Јужна Осетија се продлабочува


Кризата во Јужна Осетија се продлабочува по поништувањето на претседателските избори. Денеска експлодирала граната во домот на регионалниот обвинител, но никој не бил повреден. Сеуште актуелниот претседател Едуард Кокоити оцени дека тоа била добро планирана провокација.

Инаку денеска Врховниот суд ја потврди одлуката за поништување на резултатите од претседателските избори, според кои победи опозиционата кандидатка Ала Џиоева, која пак, не ја прифаќа одлуката на судот и најави дека ќе формира паралелна администрација во Јужна Осетија.
XS
SM
MD
LG