Достапни линкови

Клинтон во Виљнус на министерски состанок на ОБСЕ


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Виљнус, Литванија, учествува на министерскиот состанок на ОБСЕ на кој се разговара за репресијата врз политичката опозиција во Белорусија. Според американски дипломатски извори, Клинтон ќе го покрене и случајот со затворањето на бившата премиерка на Украина Јулија Тимошенко, а ќе го покрене и прашањето со слободата на медиумите и заштитата на новинарите во 56-те земји членки на ОБСЕ.
Од Виљнус, Клинтон ќе отпатува во Женева, каде што ќе има обраќање за човековите права, а предвидено е и да се состане со членови на сиријската опозиција.
XS
SM
MD
LG