Достапни линкови

СЕ од Подгорица ќе ги унапредува човековите права во Западен Балкан


.

.

Регионалната канцеларија за промоција на проектот за заштита на човековите права и малцинставата во Југоисточна Европа ќе биде отворена во Подгорица. Целта на проектот е унапредување на човековите права во Албанија, во Босна и Херцеговина, во Хрватска, во Црна Гора, во Србија, во Македонија и во Косово.
Договорот за отварање на канцеларијата вчера го потпишаа црногорскиот заменик-премиер Душко Марковиќ и генералниот секретар на Советот на Европа (СЕ) Тјорбјорн Јагланд.
Канцеларијата во Подгорица ќе биде задолжена за реализација на тригодишниот проект, вреден 3,6 милиони евра.
XS
SM
MD
LG