Достапни линкови

Разговори за формирање Влада во Словенија


Зоран Јанковиќ претседател на партијата Позитивна Словенија

Зоран Јанковиќ претседател на партијата Позитивна Словенија

Словенечкиот претседател Данило Тирк изјави дека по победата на партијата Позитивна Словенија на предвремените парламентарни избори нејзиниот лидер Зоран Јанковиќ ќе треба што побрзо да формира влада, односно пред божиќните празници. Официјалните резулатати од изборите државната комисија треба да ги објави на 16- ти декември. Според законот претседателот ќе треба на 24 декември да свика конститутивна седница во парламентот. Словенечките медиуми јавуваат дека Јанковиќ веќе ги започнал разговорите за формирање коалиција со неколку лидери на политичките партии, меѓу кои и со поранешниот премиер Борут Пахор со кој договорил повторна средба.
XS
SM
MD
LG