Достапни линкови

Хрватска ќе добие нова влада пред Нова Година


Претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска, Зоран Миловановиќ

Претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска, Зоран Миловановиќ

Кандидатот за премиер на хрватската коалиција Кикирику, претседателот на Социјалдемократската партија Зоран Миловановиќ синоќа изјави дека очекува новата влада да биде формирана пред новогодишните празници. Во инетрвјуто за ХРТ Миловановиќ најави дека во министерските фотељи ќе седнат познати лица но не ги именуваше новите министри. Тој додаде дека нема потреба да се зголеми бројот на ресорите во владата и најави дека планира да ги укине функциите државен секретар кои беа воведени во 2004-тата година. Миловановиќ истакна дека нема да има политички реваншизам.
XS
SM
MD
LG