Достапни линкови

Над 20 шиитски верници загинале во Ирак


Еден од повредените при нападите во Багдад

Еден од повредените при нападите во Багдад

Најмалку 20 луѓе загинале а 100 се повредени во пет одвоени напади на шиитски верници за време на празникот Асуре во Ирак, соопштува полицијата.
Три напади се случиле во главниот град Багдад, еден во градот Латифија и еден во Махавилу. Празникот Асуре со години е повод за напади од страна на сунитските екстремисти.
Американските сили забрзано се повлекуваат од Ирак. Според заедничкиот договор меѓу САД и Ирак, тоа треба да се случи до 31 декември, а потоа комплетната одговорност за националната безбедност во земјата ќе биде во рацете на ирачките лидери.
XS
SM
MD
LG