Достапни линкови

Сирија-34 киднапирани Сиријци пронајдени мртви


Анти-владини протести во Сирија

Анти-владини протести во Сирија

Најмалку 34 Сиријци кои биле киднапирани од страна на про-режимската милиција „шабиха“ биле пронајдени мртви во централниот град Хомс, соопштуваат активистите за човекови права. Според нив луѓето биле киднапирани од населбите во градот кои важат за подржувачи на анти-режимските протести.
Активистите јавуваат и за 7 загинати на страната на подржувачите на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Најмалку 63 луѓе беа убиени за време на викендот, од кои половина во градот Хомс.
Сириското Министерство за надворешни работи соопшти дека одговориле позитивно на барање од страна на Арапската лига да им се овозможи да бидат набљудувачи како дел од мировниот план за ставање крај на деветмесечните немири во земјата.
XS
SM
MD
LG