Достапни линкови

logo-print

Карзаи бара меѓународна помош најмалку до 2024 година


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи пристигнува на големата меѓународна конференција за Авганистан во германскиот град Бон.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи пристигнува на големата меѓународна конференција за Авганистан во германскиот град Бон.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ја повика меѓународната заедница да продолжи со поддршката за Авганистан уште една деценија по повлекувањето на меѓународните сили од земјата во 2014 година. Обраќајќи се на големата меѓународна конференција за Авганистан во германскиот град Бон, Карзаи рече дека меѓународна поддршка најмалку до 2024 година е неопходна да се обезбеди прогресот направен во изминативе 10 години.
XS
SM
MD
LG