Достапни линкови

Кој ќе се офајди од битолскиот интернат?


Поранешниот интернат во Битола сега е руина.
Поранешниот интернат во Битола сега е руина.

Општина Битола ќе го продава напуштениот интернат. Опозицијата стравува дека ќе се продаде за помалку пари и на шетата на интересите на општината. Според најавите, почетната цена ќе биде 18 милиони денари.

Општина Битола наскоро ќе го продава напуштениот средношколски интернат со површина од 1.740 и дворно место од над 8.000 метри квадратни во непосредна близина на центарот на градот. Според најавите, почетната цена ќе биде 18 милиони денари, но опозицијата стравува дека ќе се продаде за помалку пари и на шетата на интересите на општина Битола.
Во случај кога инвеститорот што би го зел земјиштето би го срушил објектот зашто рака на срце тој е во ужасна состојба, би добил градежна парцела од 9.118 метри квадратни, со маркица за објект за јавна намена, со платени комуналии за 1.740 метри квадратни колку што е рушевината.
Златко Ќурчиевски, советник во општина Битола.

„Во случај кога инвеститорот што би го зел земјиштето би го срушил објектот зашто рака на срце тој е во ужасна состојба, би добил градежна парцела од 9.118 метри квадратни, со маркица за објект за јавна намена, со платени комуналии за 1.740 метри квадратни колку што е рушевината“, вели советникот Златко Ќурчиевски.

Во таков случај вели тој, ќе важи следната пресметка:
Советниците во општина Битола.
Советниците во општина Битола.

„Од почетните 18 милиони денари, се одземаат веќе платените комуналии од 3,7 милиони денари. Така, почетната цена на еден метар квадратен неизградено градежно земјиште би била 1.450 денари, со таа цена би започнала лицитацијата.“

Според правилникот за почетна цена при оттуѓување на градежно земјиште кога инвестоитерот директно би купувал ваков тип на земјиште во овој дел на градот, би платил 3.800 денари, а во овој случај цената е на половина.

„Со почетната цена локалната власт му остава на инвеститорот да заштеди 2.300 денари по метар квадратен, а истовремено да се оштети буџетот на општината за цели 22 милиони денари“, вели Ќурчиевски.

Претседателката на советот Силвана Анѓелевска со одговор:

„Од ова да не се прави политика или некоја фама. Почетната цена се утврдува во администрација според одредени бодови, тоа ништо не значи, не е тоа утврдена цена и крајна, ќе оди на јавно наддавање. Сакаме како власт тој дел од градот да го средиме.“

Интернатот долго време беше напуштен, стана руина, дувло на наркомани, место од каде се шират зарази, а пред три години таму се случи грозоморно убиство.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG