Достапни линкови

ОБСЕ - Има индиции дека во Русија се полнеа гласачки кутии


Активисти од провладината младинска организација Наши ја слават изборната победа на Единствена Русија.

Активисти од провладината младинска организација Наши ја слават изборната победа на Единствена Русија.

Имаше нарушување на изборниот процес во корист на владејачката партија Единствена Русија на вчерашните парламентарни избори во Русија, соопштија меѓународните набљудувачи. Набљудувачите од ОБСЕ и од парламентарното собрание на Советот на Европа соопштија дека броењето на гласовите се карактеризирало со „чести процедурални прекршувања и случаи на очигледна манипулација, вклучувајќи сериозни индиции за полнење на гласачки кутии“.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека е „сериозно загрижена“ за начинот на кој беа спроведени изборите во Русија и оти руските гласачи заслужуваат целосна истрага на пријавените нерегуларности.

Прелиминарните резултати од изборите покажуваат дека партијата Единствена Русија победи на изборите, но оти има голем пад на популарноста.
XS
SM
MD
LG