Достапни линкови

Нимиц - Пресудата во Хаг, можност за решавање на спорот за името


Архивска фотографија: Медијаторот Метју Нимиц во Скопје.

Архивска фотографија: Медијаторот Метју Нимиц во Скопје.

На пресудата на Судот во Хаг треба да се гледа како на можност за поведување нови иницијативи за конечно решавање на прашањето за името, истакнува посредникот на ОН Метју Нимиц во писмената изјава во врска со денешната одлука за македонската тужба против Грција.

„Одлуката на Меѓународниот суд на правдата во врска со Привремената спогодба од 1995 година треба внимателно да биде разгледана од владите на двете земји. Во изминатите денови бев во комуникација со нив и побарав да гледаат на ова како на можност да размислат конструктивно за меѓусебните односи и како на обновена иницијатива за постигнување дефинитивно решение на прашањето за името“, пишува Нимиц.

Во тој контекст, додава тој, прифаќањето пристап во кој ќе се нагласуваат можните решенија наместо разликите, ќе помогне за изнаоѓање решение.

„Ги информирав двете страни дека сум подготвен да работам со нив што е можно поскоро, и препорачав интензивирање на напорите за изнаоѓање трајно решение“, вели Метју Нимиц.
XS
SM
MD
LG