Достапни линкови

logo-print

Груевски - Пресудата во Хаг е позитивна за Македонија


Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски.

Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг е позитивна за Македонија. Судот ги отфрли сите барања на Грција по клучните точки како и сите претставки. Судот констатира и дека Република Македонија може да го користи уставното име во меѓународните организации кога зборува за себе. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во изјавата дадена во Владата по повод денешната пресуда на Судот во Хаг.

Пресудата, смета Груевски, дава нов позитивен импулс за одење напред во надминување на спорот за името и остранување на блокадата на Македонија.

„Македонија ќе ја почитува оваа одлука согласно меѓународното право. Тоа е наша обврска. Согласно меѓународното право, Грција треба да се воздржи од понатамошно блокирање на зачленувањето на Република Македонија во НАТО или други меѓународни организации“, додаде Груевски, изразувајќи благодарност до Судот од името на Владата.
XS
SM
MD
LG