Достапни линкови

ЕК ќе ја земе предвид, но не ја коментира хашката одлука


Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.

Европската комисија, во објавеното соопштение по одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, наведува дека ќе ја земе предвид, но оти сепак нема надлежност во однос на ова прашање и нема да го коментира.

„Ја слушнавме и ќе ја земеме предвид пресудата на Меѓународниот суд на правдата во случајот со примената на Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција, но сепак Европската комисија нема надлежност во однос на ова прашање и нема да го коментира“, информираа од прес-службата на ЕК.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението натаму се вели дека Европската комисија ги повикува двете страни повторно да се ангажираат во разговорите под покровителство на Обединетите нации, со цел да се најде заемно прифатливо решение за спорот со името. Тоа е во интерес на двете земји како и на пошириокиот регион вклучувајќи ја и ЕУ, смета ЕК.
XS
SM
MD
LG