Достапни линкови

logo-print

Тачи - Да се искористи позитивната клима и да се реши спорот за името


Лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи смета дека одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг нема да влијае врз состојбите околу разговорите за прашањето за името меѓу Македонија и Грција.

„Јас уште еднаш би укажал да се искористи позитивната клима да се реши овој проблем. Не треба да криеме некои работи, ако има избори во Грција и ако случајно победи Самарас или Караџаферис шансите ни се катастрофални“, изјави Тачи.

Тачи рече дека треба да се искористи подготвеноста на грчката страна во овој момент и сериозно да се реши овој проблем.
XS
SM
MD
LG