Достапни линкови

Саваидес: Целта на тужбата во Хаг е да се избегнат преговори за името


Членовите на грчката делегација во Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Членовите на грчката делегација во Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Тужбата на Македонија против Грција пред Меѓународниот суд на правдата била политички мотивиран план за избегнување на преговорите за прашањето за името под покровителство на ОН, изјави амбасадорот Јоргос Саваидис, застапник на Грција во спорот пред судот во Хаг, по објавувањето на пресудата.

„Наместо да прeговара со добра волја, Македонија започна правна постапка за да ги запре преговорите. За среќа, Судот денеска повика на преговори под покровителство на ОН, и Грција ќе го стори тоа. Ја повикуваме Македонија да не ја користи денешната пресуда за да ги избегнува преговорите“, рече Саваидис.

И покрај одлуката на Судот, Саваидис, јави известувачот на МИА, ја обвини Македонија дека „од поднесувањето на тужбата до денес се ангажирала во невидено националистичко и непријателско однесување кон Грција и била узурпирана грчката историја и симболи, особено преку изградбата на споменици во Скопје“.
XS
SM
MD
LG