Достапни линкови

logo-print

Иванов - Грција да ја почитува Времената спогодба


Претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов.

Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг дека Грција ја прекршила Времената спогодба со попречување на македонското членство во НАТО е јасна потврда и дава дополнителен меѓународен углед на државната политика на Република Македонија водена во изминатиот период, смета претседателот Ѓорге Иванов.

„Република Македонија затоа бара од Република Грција истото што го побара Меѓународниот суд на правдата, почитување и ефективна примена на Времената спогодба, како единствен документ кој ги регулира односите меѓу двете држави. Наместо да го попречува, Република Грција треба да го поддржува нашето интегрирање во меѓународните организации во согласност со Времената спогодба“, изјави шефот на државата по состанокот на државниот врв, на кој присуствуваа и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски.

Македонскиот претседател изјави дека Македонија и понатаму ќе учествува во процесот што се води под покровителство на ОН со цел изнаоѓање заемно прифатливо решение.
XS
SM
MD
LG