Достапни линкови

Волерс - Македонија во НАТО кога ќе се реши прашањето со името


Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс.

Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс.

Ставот на НАТО е познат. Македонија ќе може да стане членка на НАТО кога ќе се реши прашањето со името. Сега е вистинското време лидерите на Македонија и на Грција да вложат дополнителни напори и да го решат ова прашање. Ова денеска го истакна американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс, одговарајќи на новинарско прашање дали пресудата на Меѓународниот суд во Хаг може да влијае Македонија евентуално да стане членка на НАТО на идниот Самит на Алијансата наредната година.

Мислам, посочи Волерс, дека ова е шанса за политичките лидери во двете земји да ја искористат оваа можност и повторно да ги засилат напорите да се реши проблемот и прашањето со името.

„Позицијата на САД е позната, таа не е променета, значи се уште е иста. САД силно ги поддржуваат напорите на Обединетите нации, на посредникот Метју Нимиц, да се реши ова прашање. Ние ја даваме нашата поддршка колку што сме во можност да го разрешиме ова прашање во корист на двете земји“, додаде Волерс.
XS
SM
MD
LG