Достапни линкови

logo-print

Атина ќе ја проучува пресудата на Меѓународниот суд во Хаг


Членовите на грчката делегација во Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Членовите на грчката делегација во Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Атина ќе ја проучи одлуката на Меѓународниот суд за правда кој денеска пресуди дека Грција ја прекршила Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО.

„Со целосна почит кон Меѓународниот суд како основен судски орган на Обединетите нации, Грција ќе ја проучи одлуката“, се вели во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи.

Министерството наведува дека е важно што Судот ги поканува двете страни да продолжат да преговараат за изнеоѓање на решение за името.
XS
SM
MD
LG