Достапни линкови

Владата ја поздрави пресудата на Меѓународниот суд на правдата


Македонската одбрана пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Македонската одбрана пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Владата ја поздрави пресудата на Меѓународниот суд на правдата по тужбата на Македонија против Грција, за кршење на Времената спогодба со ветото на зачленувањето на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година. Судот пресуди дека Грција ја прекршила Времената спогодба.

„Оваа историска пресуда од Судот значи дека Грција не може законски да се спротивстави на членството на Република Македонија во НАТО. Покрај тоа, со пресудата на Судот се расчистува голема пречка за идните преговори на Република Македонија за членство во ЕУ“, се наведува во соопштението од владата.
XS
SM
MD
LG