Достапни линкови

Граѓаните не се плашат од пропаст на еврото. Велат пари немаме, па нема што да ни пропадне.

Нема паника кај граѓаните од неизвесната иднина на еврото, но од банките велат дека има сомнеж кај штедачите за стабилноста на европската валута. Гувернерот на Народната банка Димитар Богов и вицепремиерот Владимир Пешевски пред некој ден изјавија дека најбезбеден е денарот, бидејќи останал стабилен и во други тешки ситуации низ годините. Граѓаните велат дека не ја загубиле довербата во еврото и дека нивните заштеди и натаму ќе останат во истата валута.
Мислам дека нема никаква опасност. Еврото ќе остане како валута, затоа што неколку поголеми земји како што е Германија, нема да дозволат и оттука мислам дека кај нас има луѓе кои што имаат веројатно многу пари па се плашат за нив. Но оние кои имаат малку, како јас со 1.000 евра, не се плашам, па налет нека отидат ако треба.

„Мислам дека нема паника, треба да се послуша гувернерот на Народна банка и дека сепак треба да се почека да се види ставот на членките на европската заедница.“

„Ако има човек во евро да си штеди е најубаво. Јас пензионерка сум, ама да ви кажам си штедам за внуците во евра, им ставам на книшки и радосни, среќни...“

„Мислам дека нема никаква опасност. Еврото ќе остане како валута, затоа што неколку поголеми земји како што е Германија, нема да дозволат и оттука мислам дека кај нас има луѓе кои што имаат веројатно многу пари па се плашат за нив. Но оние кои имаат малку, како јас со 1.000 евра, не се плашам, па налет нека отидат ако треба.“
Директорот на Тутунска банка Ѓорѓи Јанчевски вели дека денарот во моментов е најсигурен и носи највисока камата.

Директорот на Тутунска банка Ѓорѓи Јанчевски вели дека денарот во моментов е најсигурен и носи највисока камата.


Директорот на Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски вели дека кај граѓаните има вознемиреност за состојбата на еврото и тие прашуваат што да прават со нивните штедни влогови, но се уште нема некоја голема заинтересираност за нивна промена во друга валута.

„Има кај луѓето размислување нели што ќе биде и како ќе биде со еврото, ама нема големи помествања нели да ги конвертираат во други валути. Што и да се случи, во случај на најлошо сценарио, ако не го биде еврото да прејдеш на друга валута. Макар што мислам дека ќе опстане еврото.“

Јанчевски додава дека сепак најсигурно е да се штеди во денари.

„Во моментов е најсигурен и носи највисока камата, затоа што постои монетарна финансиска стабилност. Во моментот денарот е најреален.“

Во најлош случај, доколку еврото пропадне, штедните влогови на граѓаните, според банките, ќе бидат само префрлени во друга валута. За судбината на еврото, лидерите на ЕУ ќе расправаат на 9 декември на самиотот во Брисел.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG