Достапни линкови

logo-print

Грција ја прекршила Времената спогодба, пресуди Судот во Хаг


Хисаши Овада

Хисаши Овада

Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска пресуди дека Грција го прекршила член 11 од Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008. Претседателот на Судот Хисаши Овада соопшти дека Одлуката е донесена со 15 гласови за и еден против. Судот во Хаг реши дека има јурисдикција во случајот на Македонија против Грција. Со тоа беше отфлено грчкото барање судот да се прогласи за ненадлежен по тужбата што ја покрена Македонија против Грција за прекршување на Привремената билатерална спогодба од 1995 година, со блокирањето на македонскиот прием во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година.
XS
SM
MD
LG