Достапни линкови

Папандреу: ЕУ и рејтинг агенциите одговорни за кризата во Грција


Јоргос Папандреу

Јоргос Папандреу

Европските власти за набљудување и рејтинг агенциите имаат делумна одговорност за должничката криза на Грција, која доведе до дестабилизација на еврозоната, изјави поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу во интервју за американскиот телевизиски канал Си Ен Ен. ,,Многумина Грци плаќаат неправедно за сето ова, бидејќи плаќаат за нешто за што не се одговорни, нагласи Папандреу, кој денеска треба да се сретне со американскиот потпретседател Џо Бајден, кој се наоѓа во посета на Атина.
XS
SM
MD
LG