Достапни линкови

Уапсени учесници на протестот Окупирај го Вашингтон


Полицијата во Вашингтон соопшти дека околу 30 активисти кои учествувале во протестот против Вол Стрит биле уапсени. Тие одбиле да ја отстранат дрвената градба поставена во паркот во Вашингтон. За време на полициската акција имало стотици насобрани граѓани. Вашингтон досега беше потолерантен спрема активистите на Окупирај го Вол Стрит чии слични кампови беа отстранети во Њујорк и во неколку други градови.
XS
SM
MD
LG