Достапни линкови

Почина поранешниот бразилски фудбалер Сократес


Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Сократес почина на 57 годишна возраст во болница во Сао Паоло каде што во четвртокот бил донесен по труење со храна. Познат како Златната пета тој играше за бразилската репрезентација на Светските купови во 1982 и 1986 година. Сократес беше лекар, интелектуалец, културна икона и политички активист кој ја искористи својата слава во борба против бразилските воени власти кои раководеа со земјата од 1964 до 1984 година.
XS
SM
MD
LG