Достапни линкови

Американскиот потпретседател Џо Бајден во Грција


Американскиот потпретседател Џо Бајден на средба со турскиот претседател Абдула Ѓул во Анкара

Американскиот потпретседател Џо Бајден кој од вчера престојува во Грција денеска во Атина ќе разговара со премиерот Лукас Пападимос, со шефот на државата Каролос Папуљас како и со лидерите на ПАСОК и на Нова демократија Јоргос Папандреу и Андонис Самарас. Според грчките медиуми, станува збор за прва посета на еден американски потпретседател на Грција во изминативе 40 години. ,,Ние сме на страната на Грција. Ние сме и силен пријател и сојузник и ќе продолжиме да ја поддржуваме низ нејзиниот тежок период, особено преку ММФ каде што сме најголем акционер,, изјави американскиот помошник советник за национална безбедност Мајкл Форман. Посетата на Бајден коинцидира со објавуавњето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во спорот со Македонија околу името. Бајден претходно престојуваше во Турција.
XS
SM
MD
LG