Достапни линкови

Судот во Хаг ќе се изјасни по тужбата на Македонија против Грција.


Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска ќе ја објави пресудата по тужбата што ја покрена Македонија против Грција за прекршување на Привремената билатерална спогодба од 1995 година, со блокирањето на македонскиот прием во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година. Македонија, бара од Судот да утврди оти на Самитот во Букурешт во април 2008 година Грција го повредила членот 11 од Времената спогодба, Од Судот се бара и да и наложи на Атина да ги почитува своите обврски предвидени со Привремената спогодба и да не го блокира македонското членство во меѓународни организации. Атина пак, ја базираше одбраната на тоа дека на Самитот во Букурешт немало вето, туку консензус меѓу земјите-членки приемот на Македонија во НАТО да се одложи до решавањето на спорот за името.
XS
SM
MD
LG