Достапни линкови

Црвенковски се сретна со лидерот на албанските социјалисти Еди Рама


Бранко Црвенковски и Еди Рама.

Бранко Црвенковски и Еди Рама.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски денеска во Скопје се сретна со претседателот на Социјалистичката партија на Албанија, Еди Рама.

На средбата, како што соопштија од СДСМ, двајцата соговорници размениле мислења за актуелните состојби во двете држави, напредокот кон ЕУ, состојбите во регионот, како и соработката во рамките на Партијата на европските социјалисти.

„Заеднички беше заклучено дека билатералните односи помеѓу двете земји се добри, со можност за нивно постојано унапредување и соработка во сите области од взаемен интерес. Уште еднаш беше реафирмиран ставот дека напредокот во процесот на ЕУ интеграцијата, како и присоединувањето на Република Македонија во НАТО, позитивно ќе се одрази, не само на меѓуетничките односи во земјата, туку и на регионот“, се вели во соопштението од СДСМ.
XS
SM
MD
LG