Достапни линкови

Почна изградбата на нова зграда на ЈП „Водовод и канализација“


Премиерот Никола Груевски пред пано на кое е прикажан изгледот на новата зграда на ЈП „Водовод и Канализација“ во Скопје.

Премиерот Никола Груевски пред пано на кое е прикажан изгледот на новата зграда на ЈП „Водовод и Канализација“ во Скопје.

Почна изградбата на новата административна зграда на ЈП „Водовод и канализација“ на истата локација каде беа и времените простории на ова претпријатие под Скопско кале. „Водовод и канализација“ инвестира 610 милиони денари во изградба на зградата. Рокот за изградба е три години.

Новата управната зграда ќе биде висока 21 метар со бруто површина од 5.326 метри квадратни. Ќе има пет ката и подземен паркинг на три нивоа, со капацитет за 115 возила. Фасадата е во сличен стил како останатите објекти од проектот Скопје 2014.
XS
SM
MD
LG