Достапни линкови

САД сочуствува, но не се извинува за смртта на пакистанските војници


Архивска фотографија: Американската државна секретарка Хилари Клинтон и пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани на средба во Исламабад.

Архивска фотографија: Американската државна секретарка Хилари Клинтон и пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани на средба во Исламабад.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска разговараше со пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани за неодамнешниот напад на НАТО во кој загинаа 24 пакистански војници. САД и НАТО ветија дека дека ќе го истражат инцидентот што се случи на авганистанско-пакистанската граница. Официјален Вашингтон вели дека засега има малку информации за да се извини. Наместо тоа, Клинтон повторно изрази сочуство за загинувањето на војниците, кое ја разгневи пакистанската јавност и доведе до тоа, владата да ја бојкотира Меѓународната конференција за Авганистан што почнува утре во Бон, Германија.
XS
SM
MD
LG