Достапни линкови

Амр Муса - Поддршката за исламистите во Египет е „демократија на дело“


Еден од водечките кандидати за претседател на Египет, Амр Муса.

Еден од водечките кандидати за претседател на Египет, Амр Муса.

Силната поддршка за исламистите на првите парламентарни избори во Египет по соборувањето на Хосни Мубарак треба да се прифати како демократија на дело, изјави еден од водечките кандидати за претседател на Египет, Амр Муса.
Исламистичкото Муслиманско братство ги повика своите политички опоненти да „ја прифатат волјата на народот“, откако партијата победи во првиот круг на изборите за Долниот дом на парламентот освојувајќи 36,6 отсто од гласовите. Радикалната Салафистичка исламистичка парија исто така помина добро со 24,4 отсто гласови, со што либералите останаа на третото место со освоени 13,4 отсто од гласовите. Комплицираниот изборен процес во земјата треба да заврши на крајот на јануари.
XS
SM
MD
LG