Достапни линкови

logo-print

Огромен притисок врз медиумите во Русија за денешните избори


Хакери ги уриваат интернет страниците на независните медиуми, а власта им ги одзема акредитациите на новинарите што ги следат изборите.

Хакери урнаа неколку руски интернет-страници што овозможуваат независни информации за денешните избори во Русија. Со тоа, медиумите што се под контрола на државата останаа едни од ретките широко достапни извори на информации за денешното гласање.

На дописничката на Радио Слободна Европа од Москва, Виталија Камишева, и била одземена акредитацијата за следење на изборите.
Нејасно е како дошле до нивните лични податоци и до нивните телефонски броеви. Се обидуваат да се сретнат со нив, да ги заплашат и да им кажат да не работат со Голос. Тоа го прават во форма на ултиматум, па луѓето се уплашени.


Интернет страницата на единствената преостаната независна организација за мониторинг на изборите, Golos.ru, била урната во шест часот изутрина по московско време(три часот по полноќ по централноевропско време). Сепак, во меѓувреме повторно е ставена во функција. Организацијата е делумно финансирана од Европската комисија.

Голос се жали дека е под голем притисок на власта. Потпретседателот на организацијата, Григориј Мелконјанц на прес-конференција во Москва изјави дека власта им се јавувала на нивните набљудувачи.
Потпретседателот на Голос, Григориј Мелконјанц.

Потпретседателот на Голос, Григориј Мелконјанц.


„Нејасно е како дошле до нивните лични податоци и до нивните телефонски броеви. Се обидуваат да се сретнат со нив, да ги заплашат и да им кажат да не работат со Голос. Тоа го прават во форма на ултиматум, па луѓето се уплашени, ги исклучуваат мобилните телефони. Нивните пријатели им кажуваат дека се под притисок и ги замолуваат да не им досадуваат и да не се обидуваат да контактираат со нив“, изјави Мелконјанц.

Нападнати биле и сајтовите на критичкото Радио Ехо Москви(Ехото на Москва), Московски Њу Тајмс, неделникот Бољшој Город и интернет порталите slon.ru и publicpost.ru. До пладне, интернет страницата на Радио Слободна Европа на руски јазик не беше нападната.

Околу 110 милиони граѓани на Русија имаат право на глас. За 450 места во Долниот дом на парламентот, односно Државната Дума, се борат седум партии. Анкетите покажуваат дека владејачката партија Обединета Русија на премиерот Владимир Путин ќе победи на изборите, но оти ќе освои помалку од 315 пратенички места колку што има сега.

Се очекува на изборите добро да поминат и комунистите, либералдемократите и партијата Праведна Русија.

Опозициските партии се жалат дека изборите се нефер зашто владејачката партија користи државни пари и има поголем пристап до медиумите. Тие се сомневаат дека изборите ќе бидат лажирани за да се подобри резултатот на Обединета Русија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG