Достапни линкови

Американската војска платила за безбеден излез од Ирак


Американските војници ја подготвуваат механизацијата за повлекување.

Американските војници ја подготвуваат механизацијата за повлекување.

Американската армија им платила на ирачки борци од племињата долж рутата на повлекување да помогнат, американските војници безбедно да ја напуштат земјата по осум години војна. Најголемиот дел од американската воена механизација се повлекува кон југ, односно кон Кувајт, по автопатот што го поврзува Багдад со Басра – примамлива цел на милитантите што ја имаат поддршката од Иран.

Полковникот Даглас Крисман изјави дека американската армија ги поправила односите со повеќе од 20 племенски шеици долж рутата на повлекување и оти им платиле да обезбедат сигурност на автопатот кој поминува низ пустина и ниви, но само низ неколку села, со што се зголемува опасноста од напад.

Во Ирак има помалку од 10 илјади американски војници, кои според договорот, треба да ја напуштат земјата до крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG