Достапни линкови

logo-print

Предвремени парламентарни избори во Словенија


Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му даде поддршка во кампањата на кандидат за премиер Јанез Јанша од Словенечката демократска партија.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му даде поддршка во кампањата на кандидат за премиер Јанез Јанша од Словенечката демократска партија.

Граѓаните на Словенија денеска гласаат на предвремените парламентарни избори. Според анкетите, владејачките социјалдемократи на премиерот Борут Пахор ќе доживеат тежок изборен пораз. Се очекува на изборите да победи десно-центристичката Словенечка демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој вети структурни реформи и намалување на трошењето.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека втора на изборите ќе заврши новоформираната централно-левичарска партија Позитивна Словенија на популарниот градоначалник на Љубљана Зоран Јанковиќ.

Должничката криза во еврозоната веќе доведе до промени на владите во Португалија, Грција, Италија и Шпанија.
XS
SM
MD
LG