Достапни линкови

logo-print

Висок ирански свештеник со критики за упадот во британската амбасада


Персоналот од иранската амбасада во Лондон се пакува.

Персоналот од иранската амбасада во Лондон се пакува.

Висок ирански свештеник остро го критикува упадот на провладините демонстранти во британската амбасада во Техеран, нарекувајќи го нелегален. Ајатолахот Ахмад Катами, во изјава за новинската агенција ИСНА, експлицитно вели дека е против упадот.

„Јас сум против напаѓање амбасади и нивно окупирање. Напаѓањето и окупирањето амбасади е како да сте ја нападнале државата, а тоа е нелегално“.

Ахмад Катами, кој е близок до врховниот лидер, ајатолахот Али Камнеи, сепак вели дека минатонеделниот упад во британската амбасада не може да се споредува со заложничката драма во американската амбасада во Техеран во 1979 година, што резултираше со целосен прекин на американско-иранските дипломатски односи.

Ова е најострата реакција против упадот во британската амбасада што доаѓа од Иран.

Британија го обвини Иран дека стои за нападите на нивната амбасада. Како одговор на упадот, Британија го повлече целиот дипломатски персонал од Иран и ги протера иранските дипломати од земјата.
XS
SM
MD
LG