Достапни линкови

Кумановци не го даваат името


Куманово.
Куманово.

Кумановци се едногласни дека Македонија не треба да го менува името. Пресудата од Меѓународниот суд во Хаг по тужбата од Македонија против Грција се очекува за утре.

Во очекување на пресудата од Меѓународниот суд во Хаг по тужбата од Македонија дека Грција ја прекршила Времената спогодба со ветото во Букурешт, како и во очекување на седницата на Советот на министри на ЕУ кога ќе се знае дали Македонија ќе добие датум за преговори со Унијата, дел од запрашаните кумановци едногласни дека Македонија не треба да го менува името. И додека едните сметаат дека нема цена поради која би се сменило името, иако сакаат државата да не заостанува во евроатлантските интеграции, некои велат дека за постигнување на националната цел треба опозицијата и власта обединето да настапуваат.
Ние сме Македонци и никогаш нема да се смениме. Макар и еден да сме, Македонци сме.
Анкетиран граѓанин во Куманово.

„Не би требало да се менува името. Зошто некој да го промени името!“

„Ние сме Македонци и никогаш нема да се смениме. Макар и еден да сме, Македонци сме.“

„Треба еднаш засекогаш да се реши. Оваа држава да тргне напред, младите да просперираат. Да се реши невработеноста.“

„Добро е и со Уставот на РМ се утвредени вредностите и имаме на што да се повикаме. Република Македонија си е Република Македонија.“

„Не треба да се даде името.“

РСЕ: Какви се шансите за надминување на проблемот со Грција?
Грција си има зацртано свои црвени линии и таа не отстапува, а кај нас во Македонија треба да има единство и консензус да се направи меѓу сите партии и во власта и во опозицијата и да се настапува заеднички.
Анкетиран граѓанин во Куманово.

„Нема шанси да се реши, зашто Грција си има зацртано свои црвени линии и таа не отстапува, а кај нас во Македонија треба да има единство и консензус да се направи меѓу сите партии и во власта и во опозицијата и да се настапува заеднички.“

„Тешко.“

„Треба да сме оптимисти.“

„Треба да сме оптимисти. Македонија заслужува да си го носи своето име. Очекувам дека свеста на светот ќе проработи во вистинки правец, зашто никој не е должен да го менува своето име. Она име што го имаме треба да го носиме вечно, а тоа е и Македонија да остане вечно.“

„Сите што живеат во Македонија треба да дадат свој допринос. Светот да знае дека сме Македонци“, велат запрашаните граѓани.

Кај нив, желбата Македонија да го надмине проблемот со Грција и да влезе во Европската унија и НАТО го поттикнува оптимизмот.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG