Достапни линкови

Стоп за етничката омраза на трибините


Учесниците на трибината против насилството на спортските трибини денеска оценија дека инцидентите на спортските стадиони, запалените македонски знамиња, говорот на омраза на национална основа се недопустливи. Министерката за внатрешни Јанкуловска, која учествуваше на трибината оцени дека насилството на трибините лесно може да ги разгори меѓуетничките односи и сето тоа да добие поголема димензија.
За повеќе учесници најголемо влијание за однесувањето на трибините има домашното воспитание. На полицијата и се порача превентивно да дејствува
Последните инциденти се случуја кога на фудбалскиот натпреварот во Прилеп меѓу националните селекции на Македонија и Албанија имаше навредливо навивање, а потоа следуваше палење на македонското знаме во Качаник.
XS
SM
MD
LG