Достапни линкови

Србија потврди дека е постигнат договор за граничните премини


Шефот на белградскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ потврди денеска дека во дијалогот со Приштина е постигнат договор за интегрирана контрола на граничните премини на Косово.
Стефановиќ, на прес-конференција во мисијата на Србија во ЕУ, рече дека „по синоќешното завршување на дијалогот“, кога изјави дека договор не е постигнат, белградската делегација во меѓувреме добила гаранции и детали во врска со премините.
- Ние не предизвикавме забуна, синоќа немаше договор, но во меѓувреме добивме гаранции и детали во врска со премините, така што сега можам да кажам дека договор е постигнат и ќе стапи во сила кога ќе го усвојат надлежните државни органи и кога примената ќе биде можна, рече Стефановиќ.
XS
SM
MD
LG