Достапни линкови

Бајден - без политички слободи нема економски развој


Турскиот Претседател Абдула Ѓул и американскиот потпретседател Џо Бајден вчера во Анкара

Турскиот Претседател Абдула Ѓул и американскиот потпретседател Џо Бајден вчера во Анкара

Американскиот потпретседател Џо Бајден пред група млади претприемачи во Истанбул денеска изјави оти слободната политичка клима е од суштинско значење за економски иновации.
Тој рече дека земјите кои се обидуваат да го цензурира интернетот влегуваат во „ќорсокак“.
Бајден говореше на Меѓународен Форум во Истанбул кој следи по средбата во Вашингтон минатата година а чија цел е продлабочување на односите меѓу САД и муслиманските заедници низ целиот свет.
Турскиот вицепремиер, Али Бабаџан, изјави пак дека Турција е пример за регионот за тоа како исламот и демократијата може да коегзистираат на мирен начин.
XS
SM
MD
LG