Достапни линкови

logo-print

Клинтон - Сирија е изолирана како никогаш досега


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Сирија изолирана држава како никогаш досега откако Советот за човекови права на ОН ја осуди за суровота пресметка со демонстрантите.
Клинтон изјави дека САД ги подржуваат напорите на Совет за истрага на злоупотребите на режимот на Башар ал Асад.
47 членки на Советот гласаа за резолуцијата на ЕУ за осуда на систематското нарушување човекови права во Сирија.
Русија и Кина беа меѓу 4 земји кои беа против.
XS
SM
MD
LG