Достапни линкови

Германија бара менување на смртната казна за белоруските бомбаши


Германија побара од Белорусија да ги смени смртните казни за двете лица кои беа осудени за виновни за бомбашкиот напад во метрото во Минск. Нападот се случи на 11 април годинава при што загинаа 15 луѓе, додека 200 беа повредени. Претставник на германската влада изјави дека Германија во принцип е против смртна казна, но и тоа дека верува оти околностите на судењето не биле целосно оправдани. Пресудата на Врховниот суд предизвика критики на меѓународната заедница. Белорусија е единствената европска земја каде што се уште се извршуваат смртни казни.
XS
SM
MD
LG