Достапни линкови

Иванов: Позитивна одлука на судот во Хаг, ќе има ефект на наредниот самит на НАТО


Доколку имаме позитивна пресуда в понеделник од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, очекуваме тоа да се одрази и на Самитот на НАТО, што треба да се одржи догодина во Чикаго, изјави претседателот Ѓорге Иванов по денешната редовната работна посета во Министерството за Одбрана и ГШ на АРМ. Tој потсети дека одлуката на Судот е поврзана со блокадата што и се случи на земјава на Самитот во Букурешт 2008 година. Претседателот Иванов изрази надеж дека состојбите во северно Косово ќе бидат решени преку дијалог, истакнувајки дека целиот регион веќе живее во поинаков амбиент.
XS
SM
MD
LG