Достапни линкови

Збунет германски ограбувач, доби 7 години затвор


Регионалниот суд во германскиот град Оснабрик го осуди на 7 години затвор човекот што се обиде да ограби банка, која што таму веќе не постоела. Имено, осудениот во мај годинава упаднал во објектот во кој мислел дека е банка и со лажен пиштол држел една заложничка, барајки 10.000 евра откуп. Увидувајки ја грешката, ограбувачот побарал од заложничката да извади пари од банкомат и со 400 евра побегнал со украдено возило. Но, пиштолот го оставил во возилото, а полицијата според отисоците веднаш го пронашла.
XS
SM
MD
LG