Достапни линкови

Меркел: Србија не ги исполнува условите за кандидат за ЕУ


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени денеска дека Србија во овој момент не ги исполнува условите за добивање статус кандидат за членство во ЕУ и ја повика Владата на Србија за промена на курсот. ,,Во овој момент Србија не ги исполнува барањата за процесот на пристапување во ЕУ, рече Меркел во Бундестагот. Таа неодамнешните судири на северот на Косово ги нарече неприфатливи и потсети дека добрата соработка со соседите исто така спаѓа во критериумите за проширување на ЕУ.
XS
SM
MD
LG